Оваа веб страна ја создадов јас како наставник со цел да полесно и подобро да ги изучуваме природните науки во петто одделение.Како што може да збележите за секоја од темите има поле во кое ќе пронаоѓате линкови,видеа,слики,текстови ,интерактивни презентации кои јас благовремено ќе ги поставувам, што ќе ви помогнат подобро и потемелно да ги усвоите содржините.
Запознајте се со програмата по природни науки за петто одделение на деветгодишното основно образование!
Наставната програма по природни науки за петто одделение на деветгодишното основно образование е преземена од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination) и адаптирана од страна на Бирото за развој на образованието. Одобрувањето на адаптирањето на наставната програма е добиено од експертите на Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination).
Наставната програма содржи збир на развојни наставни цели од областа на природните науки. Во нив детално се опишува што ученикот треба да знае или што би требало да може да направи во секоја година од основното образование. Наставните цели обезбедуваат структура за поучување и учење и препорака кои способности и знаења на ученикот можат да се проверат.
Наставната програма за природни науки за основно образование е застапена во четири содржински области: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научното истражување опфаќа разгледување на идеи, процена на докази, планирање на истражувачка работа и евидентирање и анализа на податоци. Научното истражување ги зајакнува биологијата, хемијата и физиката кои, пак, се фокусирани на развивање самодоверба и интерес за стекнување научно знаење. Тука, исто така, се вклучени и областите како градење на свеста за околината. Рамката на наставните програми за природни науки за основно образование дава и солидна основа над која може да се надградува идното образование.
Наставната програма треба да се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно.
Целите во Наставната програма по природни науки се групирани во шест тематски единици кои се дадени по одреден редослед, но може слободно да се реализираат со учениците како што налагаат локалните услови, средствата и материјалите за учење.
Целите на научното истражување се повторуваат, се појавуваат во секоја тема и како такви се наведени одделно на почетокот на секоја тема.
Во Наставната програма за петто одделение има шест теми кои овозможуваат постапност во изучувањето на наставните содржини од биологија, хемија и физика. Активностите и ресурсите (средствата и материјалите) се предложени според дадените цели на учење за да прикажат можни методи и активности за успешна реализација на програмата.
1ПОЛУГОДИЕ
1A Тема 5.1. Испарување и кондензација
2A Тема 5.4. Сенки
1Б Тема 5.2. Како ги гледаме нештата околу нас
2 ПОЛУГОДИЕ
2Б Тема 5.5. Животниот циклус на цветните растенија
1В Тема 5.3. Движењето на Земјата
2В Тема 5.6. Истражување на растот на растението