Наставни единици од оваа тема се:
1.Извори на светлина
2.Како патува светлината 1
3.Како патува светлината 2
4.Повторување како патува светлината
5.Запознавање со огледала
6.Користење огледала
7.Колку добро материјалите рефлектираат (одбиваат) светлина
8.Ефектот на огледалата на светлината
9.Светлината и нашите очи
10.Повторување за одбивање на светлина

Oпшти цели кои ученикот треба да ги постигне!
Ученикот/ученичката треба да знае
-дека ние гледаме извори на светлина бидејќи светлината од изворот влегува во нашите очи;
-дека светлината се јавува со различен интензитет и во различни бои;
-сончевата светлина е бела ,но таа во себе ги содржи боите на виножитото.Виножито се добива кога сончевите зраци се прекршуваат низ капките дожд во атмосферата.
-дека интензитетот на светлина може да се измери(имаа апликации на интернет со помош на кои тоа може да се направи и со мобилен телефон);
-дека постојат провидни ,непровидни и прозрачни материјали;
-дека провидните пропуштаат многу светлина,непровидните не пропуштаат светлина, а прозрачните делумно ја пропуштаат;
-дека сенки настануваат кога изворот на светлина се блокира ;
-дека светлинските зраци можат да бидат одбиени од површините вклучувајќи ги и огледалата и кога одбиената светлина влегува во нашите очи ние го гледаме предметот
-предметите дел од светлината одбиваат , а дел апсорбираат.Ние го гледаме прдметот бојата на зракот кој го одбива.
Покрај наведените постојат и цели од друг вид кои се однесуваат на областа од научно истражување од оваа тема.Тие се:
-Користење на знаење и разбирање да прави фер тест
-Прибирање на докази за да провери идеја
-Прави набљудувања
-Прикажување резултати во табели и столбести дијаграми
-Толкување на податоци и размислување дали се тие доволни да извлече заклучоци.
Текст кој ќе ви помогне подобро да ги разберите нештата
(Како патува светлината)
1.Што е светлината ?
-Светлината е форма на енергија.Светлина е се што регистрираме со сетилото за вид.
2.Какви извори на светлина има?
-природни(Сонце ,ѕвезди,фосфорни предмети,светулки-инсекти,молња) и вештачки (батерија,свеќа,сијалица и др.)Месечината не е извор на светлина.

3.Светлината секогаш патува по права линија!
4. Ако светлината наиде на предмет таа се одбива (рефлектира).Некои предмети повеќе , а некои помалку ја одбиваат светлината.Оние кои добро ја одбиваат светлината се добри рефлектори.Како добри рефлектори се мазните и сјајни површини.Матните , несјајни површини не толку добро ја рефлектираат светлината и тие се лоши рефлектори.
Огледлото е добар рефлектор!
5. Ако на патот на светлината се најде препрека, предмет кој е непровиден, светлинските зраци не можат да поминат низ него ,туку се попречени и затоа на спротивната страна од изворот на светлина се јавува темен простор кој го нарекуваме сенка.

6. Некои предмети воопшто не ја пропуштаат светлината (дебел картон, дрво, метал и др.), некои делумно ја пропуштаат (најлон,хартија и др.), а некои целосно ја пропуштаат (стакло). Таквите предмети кои не ја пропуштаат светлината се непровидни , тие што делумно ја пропуштаат се прозрачни , а тие што целосно ја пропуштаат се провидни.
7.Светлината се разликува по интензитет и боја.
8.Светлината од сонцето е бела светлина. Но таа во себе ги содржи боите на виножитото. Виножито настанува како резултат на својството на светлината да се прекршува.
Кога светлинските зраци се прекршуваат од дождовните капки белата светлина се расчленува (разделува) на нејзините составни бои(црвена, портокалова, жолта, зелена, сина , виолетова). Исто како и во природата можеме да добиеме виножито кога светлината минува низ стаклен објект наречен призма.Постојат и други начини да направите виножито.Погленете ја галеријата од слики!

Запознавање со огледала и користење на огледала
Што треба да знаеш ?
-Каде имаат примена огледалата во секојдневното живеење
-Што се огледала
-Дека одразот во огледлао е обратен
-Кои предмети подобро ја рефлектираат светлината (темни или светли, сјајни или матни)
-Дека делот од светлината кој не е рефлектиран се апсорбира во самата материја.
ПРИМЕНА НА ОГЛЕДАЛТА
Огледалата имаат примена во домовите за огледување, како ретровизори на автомобилите, во надворешноста на некои згради, во внатрешноста на објекти за да се добие визуелен впечаток дека просторот е поширок, во стоматолошка ординација, во маркетите за да можат продавачите да ги набљудуваат муштериите кога пазаруваат да не дојде до кражба итн. Оваа примена се должи токму на својството на рефлектирање (одбивање ) на светлината.
ШТО СЕ ОГЛЕДАЛАТА
Тие се предмети кои се направени од стакло или обложена пластика на кои задниот дел им обложен со тенка метална фолија која добро ја рефлектира светлината. За огледалата велиме дека се предмети кои добро ја рефлектираат светлината.
Во старо време огледалата се правеле само од метал(бронза,сребро ,злато и др.), но денешните огледала се обично измазнети стаклени плочи со сребро на задната страна. Тука огледало не е стаклото , туку сребрената површина што ја одбива светлината и сликата. Стаклото само го заштитува мекото чувствително сребро од гребнатинки и потемнување
Постојат и други сјајни предмети кои не се огледала , но добро ја рефлектираат светлината.
Но темните предмети слабо ја рефлектираат светлината.Матните површини се слаби рефлектори во однос на сјајните површини
Но темните предмети слабо ја рефлектираат светлината.Матните површини се слаби рефлектори во однос на сјајните површини
ОДРАЗОТ ВО ОГЛЕДАЛО Е ОБРАТЕН !
З а д а ч а !
Откриј на сликите дадени подолу кои две од нив се ЛИК и ОДРАЗ во огледло!
З а д а ч а !
Откриј на сликите дадени подолу кои две од нив се ЛИК и ОДРАЗ во огледло!
ДИЈАГРАМ КАКО ЗРАКОТ СВЕТЛИНА СЕ РЕФЛЕКТИРА ОД ОГЛЕДАЛО
(со поправка на грешките од дијаграмот на стр.55)
(со поправка на грешките од дијаграмот на стр.55)
КАКО ГИ ГЛЕДАМЕ ПРЕДМЕТИТЕ И ЗОШТО ГИ ГЛЕДАМЕ ВО БОЈА?
Предметите ги гледаме благодарение на својството на светлината да се одбива.
Но ние знаеме дека белата светлина ги содржи сите бои на виножитото.Ако сноп од зраци на бела светлина целосно се одбијат од некоја површина тогаш во нашите очи доаѓа бела светлина.
Но повеќето предмети не ги одбиваат сите бои на белата светлина .Некои бои ги одбиваат, а некои ги апсорбираат (впиваат) во себе. Ние ќе го гледаме предметот во онаа боја која е одбиена од тој предмет.На сликата се претставени зелени пантолони.Тие , сите бои ги впиваат само зелената ја одбиваат.
Црвената блуза ги апсорбира сите бои освен црвената.Црвената ја одбива.
Синиот шорц ја одбива сината боја , а другите бои ги впива(апсрбира)
Синиот шорц ја одбива сината боја , а другите бои ги впива(апсрбира)
Наспроти белите предмети кои се бели затоа што ја одбиваат целосно белата светлина,црните предмети се црни затоа што ја апсорбираат целосно белата светлина.Црната боја всушност е отсуство на рефлектирана светлина,нема рефлектирани светлински зраци.
Кликнете на секој од зелените тастери под текстов, за да можете да ги проследите упатството за правење перископ и видеото кое е упатство како на еден друг начин да направите перископ.
Дали знам да правам фер тест?
1.Знам дека независна променлива е нешто што можеме ние да го менуваме и да влијае на она што го мериме
2.Знам да одредам независна променлива во фер тест
3.Знам што е зависна променлива(дека е она што се менува и го мериме со менување на независната променлива)
4.Знам дека контролни променливи се оние нешта кои можат да се менуваат и да влијаат на зависната променлива но ние ги одржуваме константни
5.Знам да ги претставам податоците во табела
6. Знам податоците од табела да ги претставам на столбест дијаграм.Независната променлива се ннесува на хориззинталната оска, а зависната променлива на вертикалната оска.
ФЕР ТЕСТ ТАБЕЛА
7_Чек_листа_за_фер_тест.docx | |
File Size: | 12 kb |
File Type: | docx |