1В Тема 5.3. ೩вижењето на Земјата
Наставни единици од оваа тема:
1.Земјата и Сонцетo
2.Набљудување на привидното движење на Сонцето
3.Менување на положбата на сенките
4.Повторување за движењето на Земјата околу Сонцето
5.Земјина ротација
6.Денови и години
7.Научници и сончевиот систем 1
8.Научници и сончевиот систем 2
9.Гравитација
10.Повторување за движењата на Земјата

1.Наставна единица: Земјата и Сонцетo
Што треба да знаеш?
1.Земјата е дел од Сончевиот систем.
2.Сончевиот систем го сочинуваат Сонцето и осум планети.Третата по ред е планетата Земја.
3.Сонцето е ѕвезда-небесно тело кое создава топлина и светлина и е извор на енергија.
4.Земјата ,како и другите планети од Сончевиот систем се темни небесни тела кои орбитираат(кружат околу Сонцето по патеки наречени ОРБИТИ.
5.Земјата прави две движења:
a. РЕВОЛУЦИЈА-е движење на Земјата околу Сонцето , во обратна насока од движењето на стрелките од часовникот, кое Земјата го прави за една година или 365 дена и приближно шест часа по патека наречена орбита
б.РОТАЦИЈА- е движење на Земјата околу нејзината замислена оска во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот односно од запад кон исток за време од 24 часа
Замислената оска околу која Земјата ротира е всушност замислената линија која минува низ Земјата , поточно низ Северниот Пол и Јужниот Пол.
Како последица на ротација се јавува појавата на ДЕН и НОЌ |
Научи ги планетите по редослед!
2.Наставна единица:
Набљудување на привидното движење на Сонцето
3.Наставна единица: : Менување на положбата на сенките
а
Какво движење забележуваме на Сонцето во текоѕт на денот кога времето е сончево?Каква патека прави на небото?Од која страна на светот започнува "движењето" на Сонцето по небото и на која завршува?Како го објаснувам тоа "движење "?
Всушност Сонцето видовме дека не се движи.Но ,имаме впечаток дека се движи заради движењето на Земјата околу својата замислена оска.
Сигурно сте се вртеле на вртелешка и во текот на вртењето ви се чинело како предметите околу вас да ве заобиколуваат.Да , ви се чинело, затоа што всушности вие сте се движеле -ротирале како тоа што го први планетата Земја.
Но сигурно се прашувате како ние не чувствуваме и гледаме дека се вртиме заедно со Земјата?
Одговорот е дека сите предмети околу нас се движат заедно со нас и за нас тоа движење останува незабележано.Се движат и зградите и дрвјата и се што е на Земјата како на една голема вртелешка многу ,многу поголема од самите нас.

КОМПАС-инструмент за ориентација
-Личи на часовник -Има магнетна игла која на едниот крај е обоена со покарактеристична боја-црвена,(може да има облик на стрелка) -Има подлога на која се обележани страните на светот. -Обоениот дел се насочува кон север,а ние го поместуваме компасот додека не се совпадне насоката на стрелката со обележаниот север на подлогата |
"Движењето" на Сонцето од исток на запад прави да сенките на предметите ја менуваат положбата и големината во текот на сончевиот ден. За да го увидите тоа потребно е да направите едно истражување. Со ова истражување паралелно и го увежбувате и табеларното и графичкото претставување на податоците, нивното толкување и врз основа на тоа извлекување на заклучоци.
Д О М А Ш Н А З А Д А Ч А
ИСТРАЖУВАЊЕ:Следење на менувањето на должината и правецот на сенката во текот на еден сончев ден.Детално упатство за работа е дадено во документот подолу !

Истражување_промена_на_голенмината_и_положбата_на_сенката.docx | |
File Size: | 24 kb |
File Type: | docx |
4.Наставна единица: Повторување за движење на Земјта
5.Наставна единица: Ротација на Земјата
Проследи ја видеопрезентацијата за ротација на Земјата и научи ја содржината од неа!
rotacija_na_zemjata.pptx | |
File Size: | 540 kb |
File Type: | pptx |
6.೩енови и години
Основни мерки за пресметување на времето се: ден, недела, месец и година, кои се поврзани со одредени движења и појави на Земјата.
Секоја четврта година е престапна поради шестте часа кај Земјината револуција. Значи секоја четврта година има 366 дена ,односно месец февруари има 29 дена.
Утврдениот ред на деновите во годината по недели и месеци се нарекува календар
Појавата на ден и ноќ рековме дека е последица на ротацијата на Земјата околу својата замислена оска.Исто така видовме дека оската на ротација е навалена и со орбитата по која се движи Земјата околу Сонцето зафаќа агол од 66 степени и 33 минути.
Знаеме дека деновите во лето траат подолго ,а во зима пократко. Зошто? Зошто има зимски и летен период? Зошто воопшто постојат годишните времиња?
Одговорот е : Земјата заради наваленоста на оската на ротација додека кружи(орбитира) околу Сонцето не е подеднакво осветлена на северната и јужната полутопка.Токму заради наваленоста на оската на ротација на Земјата додека Земјата кружи околу Сонцето во една позиција повеќе е осветлена и загреана северната полутопка, а во друга позиција е повеќе осветлена и загреана јужната полутопка.

7.8 Научници и Сончевиот систем 1,2
Што треба да знаеме?
Каков е обликот на нашата планета?
Како ја замислувале Земјата луѓето во минатото?
Кои се доказите со кои располагме за вистинскиот облик на Земјата ?
Обликот на нашата планета е сфера.Поточно има облик на сфера што е малку сплесната на половите . Само во последниве 60 години имаме пристап до директни докази дека Земјата е сферична и дека кружи (орбитира) околу Сонцето, затоа што во овој период луѓето имаат можност да патуваат и да ја истражуваат вселената.
Луѓето порано Земјата ја замислувале како рамна плоча.И научниците и обичните луѓе верувале во ова.
Порано научниците морале да се служат со индиректни докази за да објаснуваат дека Земјата е сферична и дека кружи (орбитира) околу Сонцето.
Познати имиња кои се занимавале со оваа проблематика и дошле до одредени сознанија се Аристотел ,Никола Коперник, Галилео Галилеј и др.
Како индиректен доказ дека Земјата е топчеста , а не рамна е и доказот за ЗАОБЛЕНА МОРСКА ПОВРШИНА на Аристотел.
Исто така патувањето на Фернандо Магелан е индиректен доказ дека Земјата е не е рамна.
Како директен доказ за вистинскиот облик на Земјата се првите фотографии направени од рускиот космонаут Јуриј Гагарин при неговата обиколка на Земјата со вселенското летало Восток 1961 година.
Проследете ја дадената видеопрезентација од која ќе ви стане појасен дадениот текст за оваа наставна единица.

planeta_zemja__2_-2.pptx | |
File Size: | 2527 kb |
File Type: | pptx |
В А Ж Н О !!!Во учебникот на стр.74 и 75 прочитајте и НАУЧЕТЕ за Семјуел Роуботам и Семјуел Шентон и нивните приврзаници кои веруваат дека Земјата е рамна.
Астрономијата е наука која се занимава со проучување на небесните тела и воопшто сите случувања што се случуваат наддвор од нашата планета.Оттука научниците кои се занимаваат со истражувања од оваа област ,со оваа наука се нарекуваат астрономи.
Во текот на 16 век Коперник,Кеплер и Галилеј дале голем поттик за развојот на астрономијата како наука.
Коперник потврдил со многу свои пресметувања и набљудувања дека Земјата не е центар на универзумот (вселената) туку дека таа и другите планети кружат околу Сонцето.
Јохан Кеплер со своите закони во физиката докажал дека Коперник е во право.
А Галиллео Галилеј го потврдил сето тоа со своите набљудувања со телескопот што са го измислил.
Со модерните телескопи и вселенски сонди може денес да се види дека универзумот е составен од милјарди ѕезди кои се групирани во јата од ѕвезди наречени галаксии.Нашето Сонце е ѕвезда која припаѓа на галаксијата Млечен Пат кој личи на голема спирала

Што треба да знеш?
- дека гравитацијата е сила со која се привлекуваат телата кои имаат маса
-дека тежина и маса не е исто
-дека тежината е сила која се мери со динамометар во единица мерка Њутн (N)
Гравитацијата е сила со која предметите се привлекуваат меѓусебно . Jачината на таа сила на привлекување зависи од:
-масата на предметите, колку е поголема масата толку е поголема силата;
-и од меѓусебната оддалеченост – колку се пооддалечени, толку е помала силата
Силата на гравитација е поголема кога масата на телата е поголема.Силата на гравитација е забележливо голема кај небесните тела.
Привлечната сила на гравитација дејствува од центрите на двата предмета. За луѓето кои стојат на земјината површина, силата на гравитација нè привлекува кон центарот на Земјата.
Како резултат на таа привлечнаа сила, независно каде стоиме на Земјата, не можеме да паднеме од неа.
Маса и тежина не е исто!!!
Како оди астронаут по Месечината?
Поради тоа што Месечината е помала, таа го привлекува со помала гравитациска сила. Ист човек не се чувствува исто тежок на Земјата и на Месечината. На Месечината ќе се чувствува полесен поради тоа што на него делува силата на гравитација на Месечината која е помала од силата на гравитација на Земјата бидејќи Месечината има помала маса од Земјата. Ова, исто така, значи дека иако масата на човекот останува иста, тежината ќе му се менува , односно тежината на Месечинта ќе му биде помала , а на Земјата поголема.
Масата е величина која е поврзана со количеството на материја. Масата се мери со вага во килограми(kg)
Тежината на телата е сила но зависи од масата на телата.Колку поголема маса толку опоголема тежина.. А тежината се мери во Њутни со динамометар)
Инструментот за мерење на сила се вика ДИНАМОМЕТАР . Секоја сила ,па и тежината се мери во Њутни (N)

Динамометар