Тема 2В 5.6 Истражување на растот на растенијата
Наставни единици од оваа тема :
- Ефектот на светлината врз `ртењето
- Ефектот на течностите врз `ртењето
- Ефектот на топлината врз `ртењето
- Фактори за `ртење
- Повторување за фактори за `ртење
- Фотосинтеза
- Фактори за растење на растенијата 1
- Набљудување на различни видови на растенија
- Повторување за фотосинтеза
- Фактори за растење на растенијата 2
- Ефектот на светлината со различна боја врз растењето на растението 1
- Ефектот на светлината со различна боја врз растењето на растението 2
- Ефектот на светлината со различна боја врз растењето на растението 3
- Решавање проблеми на растенијата
- Повторување за растење на растенијата
Час. 58 Ефектот на светлината врз `ртењето
Што е целта на овој час?
-Да научиш да истражуваш како на семињата им е потребна вода и топлина за `ртење, но не и светлина;
-Да правиш претпоставки за тоа што ќе се случи со семето без светлина,кога влага и топлина има, врз база на научно знаење и разбирање;
-Да предлагаш и разговараш како да провериш што ќе се случи со семето без светлина;
-Да ги анализираш резултатите од истражувањето и да одлучиш дали резултатите ги поддржуваат претпоставките што си ги дл н апочетокот од истражувањето.
Што ни е потребно за да го направиме ова истражување?
-Семиња (одберете семиња кои ‘ртат бргу, како што е гравот)
-памук (пр. за вадење шминка).а може и почва
-Вода
-Мали садови (пр. пластични чаши).
-Aлуминиумска фолија (потребна ви е ако садот е провиден).
-Целофан или пластични вреќички за храна
Како ќе работиме на час?
Во групата ќе работите заедно на планирање на истражувањето дали би растело и како би растело едно семе кога не би била присутна светлината. а би биле присутни влага и топлина во споредба со семе каде и светлината би била присутна како фактор.(Треба да размислувате како би можеле да го исклучите факторот светлина во процесот на растење на едниот примерок на семето кое сте го одбрале, а притоа да бидат присутни факторот влага и топлина ) .Секој ученик од секоја група ќе има задача на лист А4 потпишан со име и презиме да ги запише следните податоци :
- Целта на истражувањето ,
- Опис на начинот на кој групата ќе го спроведе истото
- Попис на материјалите и приборот потребни за тоа
- Илустрирација на она што го подготвуваат (семињата и садовите) со ознаки на цртежите за тоа што ставиле во садовите
- Свои прeтпоставки за тоа што мислат дека ќе се случи со секое семе во конкретно дадените услови
- Бланко простор за внесување на заклучоци врз основа на резултатите што ќе ги добијат по неколку дена
Час. 59 Ефект на течностите врз `ртењето
Што е целта на овој час?
-Да истражиш и согледаш како на семињата им е потребна вода и топлина за `ртење;
-Да правиш претпоставки за тоа што ќе се случи со семето кое има топлина а кое е навлажнето со течност (сок,масло,киселина и др.)која не е вода, врз база на научно знаење и разбирање;
-Да предлагаш и разговараш како да провериш што ќе се случи со семето ако е под присуство течност која не е вода;
-Да ги анализираш резултатите од истражувањето и да одлучиш дали резултатите ги поддржуваат претпоставките што си ги дл н апочетокот од истражувањето.
Што ни е потребно за да го направиме ова истражување?
-Семиња (одберете семиња кои ‘ртат бргу, како што е гравот)
-памук (пр. за вадење шминка).а може и почва
-Вода,киселина,масло сок
-Мали садови (пр. пластични чаши) или пластични вреќички за храна
Како ќе работиме на час?
Во групата ќе работите заедно на планирање на истражувањето дали би растело и како би растело едно семе кога не би било натопено со вода туку со некоја друга течност,а би имало и топлина .Секој ученик од секоја група ќе има задача на лист А4 потпишан со име и презиме да ги запише следните податоци :
- Целта на истражувањето
- Попис на материјалите и приборот потребни за тоа
- Опис на постапката
- Свои прeтпоставки за тоа што мислат дека ќе се случи со секое семе во конкретно дадените услови
- Бланко простор за внесување на заклучоци врз основа на резултатите што ќе ги добијат по неколку дена
Час. 60 Ефект на топлината врз `ртењето
Што е целта на овој час?
-Да истражиш и согледаш како на семињата им е потребна вода и топлина за `ртење;
-Да правиш претпоставки за тоа што ќе се случи со семето кое има влага, а нема топлина ;
-Да предлагаш и разговараш како да провериш што ќе се случува со семето кое ќе нема топлина и а ќе го има потребното количество влага;
-Да ги анализираш резултатите од истражувањето и да одлучиш дали резултатите ги поддржуваат претпоставките што си ги дл н апочетокот од истражувањето.
Што ни е потребно за да го направиме ова истражување?
-Семиња (одберете семиња кои ‘ртат бргу, како што е гравот)
-памук (пр. за вадење шминка).а може и почва
-Вода
-Мали садови (пр. пластични чаши) или пластични вреќички за храна
-Алуминиумска фолија
-ладилник
Како ќе работиме ?
Прво ќе се обидиме да креираме фер тест за ова истражување.
Да се потсетиме. Кои променливи ги содржи еден фер тест?
-зависна променлива-тоа е онаа променлива што ќе ја следиме како ќе се менува
-независна променлива(тоа е онаа променлива која ние ја менуваме со цел да видиме како таа влијае на зависната промелива)
-контролни променливи (тоа се сите оние променливи кои можат да влијаат на зависната променлива но ние ги држиме под контрола со тоа што не ги менуваме)
За да видеме дали и како влијае топлината на процесот на 'ртење ќе го следиме процесот на 'ртење (т.е времето потребно за тоа да се случи)на два примероци од исто семе од кои едното семе е во услови каде има присуство на топлина ,а другото е во услови каде немаме присуство на топлина (во ладилник).
Веднаш можеме да кажеме дека ВРЕМЕТО ПОТРБНО ЗА 'РТЕЊЕ е нашата ЗАВИСНА ПРОМЕНЛИВА , а ПРИСУСТВОТО НА ТОПЛИНА е нашата НЕЗАВИСНА ПРОМЕНЛИВА.
- Значи за да обезбедиме услови за следење на 'ртење на семе во отсуство на топлина ние треба да употребиме ладилник. Во ладилникот како што знаеме нема светлина.
За да другиот примерок семе кој ќе биде на собна температура ги има сите услови исти со семето кое е во ладилник ,се разбира освен температурата,потребно е и него да му ја одземеме светлината, а тоа ќе го направиме со помош на алуминиумска фолија со која ќе го обвитекаме садот во кој се наоѓа семето.
-Секое семе не 'рти со иста брзина, па затоа треба семето во ладилникот и семето на собна температура да е од ист вид.
-Исто така и количеството вода со кое ќе го навлажниме семето и подлогата на која тоа ќе 'рти треба да е исто во двата примерока што ќе ги набљудуваме.
-Подлогата може повеќе или помалку да ја впива водата,па затоа и обата примерока на семе треба да бидат поставени на ист вид на подлога(почва или памук).
За да истражувањето биде правилно спроведено сите други услови, освен температурата на која се наоѓаат двата примерока семе (оној што е во ладилник и оној што не се наоѓа на собна температура), треба да бидат исти.
Значи
-присуството на светлина
-количеството на влага
-видот на семе
-видот на подлогата
се контролни променливи.

Секој ученик од секоја група ќе има задача на лист А4 потпишан со име и презиме да ги запише следните податоци :
1.Целта на истражувањето
2.Попис на материјалите и приборот потребни за тоа
3.Опис на постапката
4. Свои прeтпоставки за тоа што мислат дека ќе се случи со секое семе во конкретно дадените услови 5.Бланко простор за внесување на заклучоци врз основа на резултатите што ќе ги добијат по неколку дена

Час 61.Фактори за 'ртење [стр. 126, 127 ]
Од претходните часови научивме како да го пренесеме на лист она што планираме да го направиме при истражување притоа давајќи податоци која е нашата цел на истражување ,како ќе го спроведеме и што ни е потребно за тоа од страна на материјали,средства,која е нашата претпоставка за исходот од сето тоа и заклучок.
Исто така се очекува да знаеш да одредиш што ќе претставува зависна променлива во едно истражување,што независна променлива и што контролни променливи.
Сите истражувања кои ги работевме се однесуваа на растот на семето односно 'ртењето и факторите кои се потребни за тоа да се случи(топлина и влага).
Научниците истражуваат со помош на методи на научно истражување. Kако постапуваат научниците кога сакаат да истражат нешто можеме да опишеме во четири чекори:
1.НАБЉУДУВАЊЕ-гледај и забележувај разлики и сличности
2.ПРЕДВИДУВАЊЕ (ХИПОТЕЗА)-врз основа на она што било набљудувано
3. ПРАШАЊЕ -"Се прашувам што ќе се случи ако...","Се прашувам зошто..."
4. ИСТРАЖУВАЊЕ-спроведено со методи на научно истражување со цел да се добие одговор на прашањата кои биле поставени претходно

Час 62.Повторување за фактори за 'ртење
Одговори ги прашањата на стр 28 во работната тетратка!