Тема 2a: 5.4. Сенки
•
Наставни единици од оваа тема:
1.Истражување сенки 1
2.Истражување сенки 2
3.Правење кукли од сенки 1
4.Правење кукли од сенки 2
5.Променување на големината на сенката 1
6.Променување на големината на сенката 2
7.Повторување за сенки
8.Мерење интензитет (јачина) на светлина
9.Научници и светлина
10.Повторување за интензитет (јачина) на светлина и за научници кои ја истражувале светлината
ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ ОД ОВАА ТЕМА
Ученикот:
• Согледува дека сенки се образуваат кога светлината што патува од изворот се блокира.
• Разликува природни и вештачки извори на светлина
• Дефинира сенка
• Знае дека предметите според тоа дали и колку ја пропуштаат светлината се делат на
-провидни(кои ја пропуштаат скоро цела светлината и не прават сенки)
-непровидни (кои воопшто не пропуштаат светлина и прават сенка)
-прозрачни (кои делумно ја пропуштаат светлината ,но создаваат сенки )
• Практично препознава провиден , непровиден, прозрачен предмет
• Наведува примери на провиден , непровиден, прозрачен предмет од секојдневното живеење
• Ја поврзува употребата на одрдени материјали со нивното својство да пропуштаат или да не пропуштаат светлина
• Наведува примери на употреба на непровидни ,провидни и прозрачни материјали
• Прави разлика меѓу сенка на непровиден и сенка на прозрачен предмети
• Умее да објасни зошто сенките на непровиден и прозрачен предмет се разликуваат
• Знае дека силуета е надворешната контура на сенката на телото
• Умее да исцрта силуета на предмет
• Поврзува силуета на тело со соодветен тело
• Знае од што зависи големината на сенката т.е дека големината на сенката зависи од
-оддалеченоста на предметот од изворот на светлина;
-од позицијата /аголот под кој изворот на светина го осветлува предметот ;
-од големината на предметот.
• Умее да објасни како се менува големината на сенката со промена на
-оддалеченоста на предметот од изворот на светлина;
-од позицијата /аголот под кој изворот на светина го осветлува предметот ;
-од големината на предметот.
• Умее со помош на дијаграм да претстави како се формира сенка
• Знае дека сенките се менуваат во должина и позиција во текот на денот
• Објаснува како се менува должината на сенката во текот на денот( најголема кога Сонцето изгрева и заоѓа ,а најкртака е на пладне)
• Знае дека интензитетот (јачината) на светлината може да се измери.
• Знае дека фотодиода е уред кој ја претвора светлосната во електрична енергија и се користи за да се направат мерачи на светлина
• Наведува примери на примена на мерачите на светлина(мобилни телефони,фотоапарати,улични светилки итн)
• Објаснува зошто во некои простории е потребна силна светлина(операциони сали) , а во некои не многу силна светлина(музеи,галерии,цркви и др)
· Знае дека пред 18 век малкумина правеле светлински мерења и во тој период јачината на светлината се мерела во кандели на квадратна стапка.(стар начин на нерење на јачината на светлината)
· Знае дека електричната светлина е откриена во 19 век,
· Знае дека постојат правила кои одредуваат колкава треба да биде јачината на светлината кога се градат канцеларии и фабрики
· Знае како со помош на мерач на светлина може да докаже дека со оддалечување од изворот на светлина ,светлината бледее.
- Дефинира блескавост како КОЛИЧЕСТВО СВЕТЛИНА што минува низ или излегува од дадена површина
- Дефинира ОСВЕТЛЕНОСТ како величина која кажува КОЛКУ СВЕТЛИНА паѓа на ЕДЕН КВАДРАТЕН МЕТАР.
- Знае дека ЕДИНИЦА МЕРКА единица мерка за ОСВЕТЛЕНОСТ е ЛУКС
Час 33,34 Истражување сенки 1,2
Што се очекува на овие часови да научиш?
-Што е сенка(темен простор кој настанува како резултат на блокирање на светлината од некој предмет.
-Што е силуета(надворелни контури на сенката на некој предмет)
-Како ликовните уметници ја користеле сенката во својата работа?(Цртање со помош на силуета)
-Практично да препознаваш провиден ,прозрачен, непровиден материјал и да умееш тоа научно да г0 провериш и докажеш.
-Дека сенката се образува кога ќе се блокира светлината од некој извор. Непроѕирен предмет ќе ја блокира сета светлина, правејќи темна сенка, a прозрачен предмет ќе блокира дел од светлината, образувајќи посветла сенка. Проѕирните предмети ја пропуштаат сета светлина и не можат да образуваат сенка

Час 35,36 Правење кукли од сенки 1,2
Луѓето од пред илјадници години правеле сенки од животни и кукли и се смета дека куклите од сенки се измислени во Индија и Египет, а потоа допатувале во Tурција, Грција, Кина, Tајланд, Камбоџа, и дека станале важен дел од културното наследство на Индонезија.
|
Час 35,36 Промена на големината на сенката 1, 2
На линкот десно имате можност да увидите како се менува големината на сенката со промена на оддалеченоста на предметот од изворот на светлина и дебелината на сенката со засилување на светлината од изворот на светлина
|
Што ќе истражуваме?
Ќе истражуваме кои променливи имаат влијание врз сенките,поточно врз големината на сенките.
Ако ја изигравте играта Трикови за поголеми и помали сенки лесно ќе забележите дека врз големината на сенката влијаат:
-оддалеченоста на предметот од изворот на светлина;
-од позицијата /аголот под кој изворот на светина го осветлува предметот ;
-од големината на предметот.
Потребно е да направиме список на променливи кои можат да влијаат врз големината на сенката (на пример, големината на предметот, оддалеченост од батериската ламба, нејзината положба итн.).
Во нашето истражување треба да се менува една променлива, а другите да останат исти.
Ќе истражуваме како оддалеченоста од батериската ламба може да влијае врз големината на сенката .Значи големината на сенката (поконкретно должината на сенката) ќе биде нашата зависна променлива.А онаа променлива која ние ќе ја менуваме ќе биде нашата независна променлива(оддалеченоста од батериската ламба).Останатите променливи кои влијаат на големината на сенката ,а нема да ги менуваме ,туку ќе ги држиме константи ќе бидат контролни променливи.
Откако одредивме што ќе ни биде независна, зависна променлива, а што контролна променлива правиме табела за фер тест и ја пополнуваме
Потоа цртаме табела во која ќе ги внесуваме податоците од мерењето
Потоа цртаме график на кој на хоризонталната оска ја нанесуваме независната променлива(оддалеченоста на предметот од изворот на светлина) , а на вертикалната оска ја нанесуваме должината на сенката (нејзината средна вредност) како зависна променлива
Врз основа на добиента зависност прикажана на графикот носиме заклучок:
Со зголемување на оддалеченоста на објектот од изворот на светлина сенката станува помала и обратно, со намалување на оддалеченоста на објектот од изворот на светлина сенката станува се поголема. Тоа е прикажано на следниот дијаграм.

Час 37,38 Променување н аголемината на сенката 1,2
Час 39 Повторување за сенки
Симни го документот Чек_листи_за_самооценување_Т4 и самопровери се !
Чек_листи_за_самооценување_Т4_docx.docx | |
File Size: | 15 kb |
File Type: | docx |
Час 40 Мерење интензитет (јачина) на светлина
стр.94,95
Што треба да знаеш?
1. Јачината на светлината е величина која може да се мери.
Ние можеме да направиме индивидуална проценка кој извор на светлина дава појака светлина ,односно можеме со помош на нашето сетило за вид да ја опишеме јачината на изворот на светлина со помош на зборови(блескаво,матно,мрачно ,сјајно).Сепак тој начин на процена не е научен, па потребен е попрецизен начин на мерење на јачината на светлината.
2.Што е ОСВЕТЛЕНОСТ ?
ОСВЕТЛЕНОСТ е КОЛКУ СВЕТЛИНА паѓа на ЕДЕН КВАДРАТЕН МЕТАР
Секој од нас има чувство за осветленост, но кај секој тоа чувство е различно. Така да потребно е да ја измериме осветленоста , а не да се потпираме на нашето чувство.
3.Која е ЕДИНИЦА МЕРКА за ОСВЕТЛЕНОСТ?
Единица мерка за осветленост е ЛУКС (lx)
3.Како можеме да ја мериме ОСВЕТЛЕНОСТА?
ОСВЕТЛЕНОСТА можеме да ја мериме со направи наречени ЛУКСМЕТРИ.
4.Како ЛУКСМЕТРИТЕ ја мерат осветленоста?
ЛУКСМЕТРИТЕ ја мерат осветленоста со помош на ФОТОДИОДА која ја претвора СВЕТЛИНСКАТА ЕНЕРГИЈА во ЕЛЕКТРИЧНА и резултатите од мерењето се прикажани во бројки.
4.За што се користи мерењето на ОСВЕТЛЕНОСТА?
Мерењето на осветленоста ни користи кога сакаме :
а. да добиеме податок за ЈАЧИНАТА НА СВЕТЛИНСКИОТ ИЗВОР
б. да се измери осветленоста во една просторија
5.Каде се користат луксметрите?
Луксметрите се користат кај
-дигиталните фотопарати
-камерите на мобилни телефони.
Зошто има луксметар на фотоапарат?
Тој го мери осветлувањето на објектот што сакаме да го снимаме. Ако се отчита мала осветленост која не е доволна за да се направи добра фотографија автоматски се вклучува дополнителен извор на светлина -блиц
6.Зошто има мерачи на светлина на уличните светилки?
Кога се стемнува е потребно улично осветление. Кога мерачот на светлина ке измери мала осветленост автоматски се вклучуваат уличните светилки.
7.Како нашите очи го регулираат количеството на светлина?
-Со стеснување и проширување на зеницата(црнката )во окото.
Објаснување:
Ние гледаме со помош на црнката во окото.

Домашна задача!
Спореди го интензитетот на светлина на џебна светилка,свеќа,сонцето и ноќната ламба со користење на калкулатор и слоеви на хартија. Детален опис на употребата на хартијата и калкулаторот кој работи на светлина за споредба на интензитетот на светлина на различни светлински извори е дадена на стр 95

Час 41 Научници и светлина
-Што се очекува да знаеш?
1.Дека научниците многу се интересирале за светлината и спроведиле многу експерименти со цел да ја разбереме(Исак Њутн ,Кристијан Хајгенс и многу други)
2.Пред 18 век малкумина ја мереле јачината на светлината.
Во тој период јачината на светлината се мерела во единица мерка - кандела на квадратна стапка.(стар англиски начин на мерење на јачината на светлината)
3.Електричната светлина била пронајдена во 19 век
4.Кандела (крат. cd, кд) е основна единица мерка за светлосна јачина.
Една кандела е јачина на светлина што приближно ја дава една свеќа.
5.БЛЕСКАВОСТ е КОЛИЧЕСТВО СВЕТЛИНА кое минува НИЗ или излегува ОД ДАДЕНА ПОВРШИНА
6.Постојат правила кои одредуваат колкава треба да биде ОСВЕТЛЕНОСТА кога се градат канцеларии и фабрики.
Зошто?
-Зградите каде што работат работниците треба да бидат добро осветлени за да можат работниците да гледаат добро и добро да работат. Додека во канцелариите ако е прејако осветлувањето може да предизвика главоболка кај вработените, а и трошокот за електрична енергија би бил голем.
Во музеите и уметничките галерии исто така се внимава на осветленоста, заради можното штетно влијание на светлината врз квалитетот на предметите кои се изложени во музеите и ликовните дела во галериите.
Погодна осветленост за читање е од 500 до 1500 лукса
ЗАДАЧА!
Подреди ги следните установи според тоа како ти сметаш дека правилно треба да бидат осветлени од најсилно до најслабо: кино сала, оперциона сала, читална, црква.
7.Да знаеш да објасниш дека осветленоста се намалува со оддалечување од изворот на светлина.
ВАЖНООО!
Види табела на стр97 и увежбај цртање на графикон претставувајќи ги податоците од табелата.
8.Да знаеш табеларно дадени податоци од мерење да ги претставиш графички .
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ако сакаш повеќе да знаеш!-Незадолжително ,но корисно да се прочита :)
Други мерни единици кои се поврзани со јачината на светлината се
- Лумен (симб. lm, лм) (е изведена единица што изразува вкупното количество видлива светлина што ја зрачи некој извор.)
- Лукс (симб: lx или лк) — изведена единица за осветленост која ја изразува јачината на светлината светлината врз или низ некоја површина, како што му изгледа на човечкото око
Други физички величини кои се поврзани со светлината се :
- Блескавоста (луминанција) е мерка за светлосна јачина по единица површина на светлина што се движи во извесна насока. Во системот SI, единица за блескавост е кандела на квадратен метар (cd/m2)
- Светлосен тек го изразува вкупното количество видлива светлина што ја зрачи некој извор. Лумен (симб. lm, лм) е изведена SI-единица за светлосен тек .
- Осветленоста (или осветление) е вкупниот светлосен тек врз нешто, по единица површина.Осветленоста се изразува во лукси (lx) или (лумени на квадратен метар),
- лукс (= lm/m2)
-ИСТРАЖУВАЧКО ПОЛЕ-
(текстови и линкови поврзани со изучувањето на светлината и познатите научници кои работеле на тоа)
Научи нешто за природата на светлината и научниците кои се труделе да ја откријат и опишат
Многу филозофи од најстари времиња се прашувале што е светлината?
Некои тврделе дека светлината е изградена од честички , а други дека светлината ја прават бранови.
Исак Њутн бил застапник за корпускуларната теорија која ја основал 1699 година и ја објавил во делото Оптика (теорија дека светлината е изгрдена од ситни честички кои се движат по права линија со огромна брзина).Кога ќе навлезат овие честички директно или одбиени од некој предмет во окото тие предизвикуваат осет з светлина.Тој го објаснил и добивањето на спектарот на бои кога белата свелина минува низ стаклена призма.
Њутун тврдел дека честичките се со различна маса па најтешките нјмногу скршнуваат ,а најлесните најмалку кога минуваат низ стакклената призма.Така го опишал најголемото скршнување на виолетовата светлина и најмалото скршнување на црвената светлина

Поборник за брановата теорија е Хајгенс за која пишува во неговото дело Расправа за светлината 1677 год.а која ја објавил 1690 год.Според него светлината се пренесува како браново движење во сите правци со голема брзина
Современи теории за светлината
Теориите за брановата и корпускуларна природа на светлината со текот на времето се надополнувале и надградувале
Денешното сфаќање за природата едека светлината има двојна природа односно корпускуларно-бранова природа.